ПроКредит Банка и Дигитал Центар заедно во имплементација на нови технологии кои ги исполнуваат еколошките стандарди

1

Дигитал Центар е компанија основана во 2004 година како компанија за графички дизајн и печатење. Поседуваме квалификуван тим и исто така ги имплементиравме потребните ISO стандарди: ISO 9001 Систем  за управување со квалитет и ISO 14001 Систем за управување со животна средина. 

Нашата цел е да ја зајакнеме својата позиција со воведување на нови модели на печатачи што дополнително ги надополнува целите на компанијата да ја зголеми продуктивноста и да обезбеди широк спектар на различни улуги, со што се обидува да се развие на постојните и на новите пазари. Ова ни овозможи да ги исполниме барањата и потребите на нашите клиенти за брза, квалитетна и ефективна услуга.

Со поддршката од ПроКредит Банка успеваме непрекинато да го развиваме бизнисот и ја одбравме за банка партнер бидејќи грижата за животната средина која ја практикува ПроКредит банка соодветсвува со нашата еколошка свест, а со 24 часовната поддршка преку дигиталните платформи во било кое време ги  процесираме сите наши трансакции.

Со текот на времето, нашите технолошки капацитети пораснаа и се развија овозможувајќи ни да се фокусираме на имплементација на нови технологии и да обезбедиме исполнување на еколошките стандарди.