Плаќајте брзо и безбедно со ProPay мобилниот паричник на ПроКредит Банка

1

ProPay мобилниот паричник на ПроКредит Банка сега е достапен за секој клиент со активна платежна картичка од брендот Mastercard, издадена од ПроКредит Банка АД Скопје.

 

Што е ProPay мобилен паричник?

 

Мобилниот паричник ProPay e дополнителна бесплатна функционалност на мобилната апликација на ПроКредит Банка, која овозможува бесконтактно плаќање на продажни места со ПОС терминали во земјата и странство.

 

Со Мобилниот паричник, мобилниот телефон станува средство за плаќање на клиентот, со што се заменува потребата од користење на готовина или пак платежни картички. Оваа нова и единствена функционалност овозможува да ги дигитализирате MasterCard платежните картички издадени од ПроКредит Банка во мобилниот паричник ProPay.

 

Корисникот на платежната картичка може да ја преземе мобилната апликација бесплатно од „GooglePlay Store“ на мобилен уред со оперативен систем „Андроид“, кој поддржува NFC технологија.

Платежните MasterCard картички на ПроКредит Банка може едноставно да се дигитализираат во мобилниот паричник и безбедно да се чуваат во смартфонот.

Плаќањето е едноставно и безбедно, корисникот треба само да го доближи мобилниот телефон до ПОС-терминалот што поддржува бесконтактно плаќање.

Без интернет конекција можете да направите до 10 плаќања.

 

Сега оставете го паричникот дома и плаќајте со Вашиот смартфон!!!

 

*Инсталирањето на мобилниот паричник, дигитализацијата на картичките и користењето на услугата се бесплатни.

 

*ProPay мобилната апликација е достапна за Android™ уреди преку бесплатно преземање од Google Play. Потребно е да имате уред со најмалку Android 4.4 и NFC технологија.

 

Google Play Store

Упатсво за користење

Прашања

 

*За евентуалните технички проблеми или нејаснотии контактирајте не на

 

тел: 02/2446-000                                                                             E-mail: mkd.info@procredit-group.com