2 јули 2010 г.
Втора Банкарска школа за новинари
Водени од успешноста на Банкарската школа за новинари, која ПроКредит банка ја организираше во месец јули 2009 г. и позитивните коментари од страна на новинарите, ПроКредит Банка повторно организираше Банкарска школа за новинари која се одржа на 2 јули 2010г.
Целта на овогодинешната Банкарска школа беше да се продлабочат познавањата на новинарите во областа на финансиското известување на банките, како и да се надградат нивните вештини во читањето на финансиските биланси.
Во првиот дел од Банкарската школа новинарите имаа можност да го слушнат предавањето на претставникот од Народната банка на Република Македонија, г-ѓа Марија Ефремова, советник на гувернерот, на тема “Важноста на финансиските извешати за НБРМ” како и предавањето на г-ѓа Валентина Трајчева Никовска, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, на тема “Ефикасно читање на финансиските извештаи” обрнувајќи притоа посебно внимание на некои важни параметри од белешките на финансиските извешати.
Во вториот дел од денот новинарите имаа можност за практична работа спроведувајќи го стекнатото знаење преку анализa на финансиски извештаи. На банкарската школа присуствуваа 22 новинари од националните медиуми.

 |