14 јуни 2010г.
НОВИ КРЕДИТИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ ОД ПРОКРЕДИТ БАНКА
Под мотото “Не троши, инвестирај” ПроКредит Банка понуди кредити за реновирање под мошне поволни услови.
Кредитите се наменети за сите физички лица-приматели на плата и пензија како и за сопственици на бизнис. Кредитот е со годишна каматна стапка од 8,4 % која е фиксна за рок на отплата до 5 години. Одобрувањето на кредитите е за само 24 часа, а ратите се прилагодени на можностите за отплата на клиентот.
“Водени од принципите на одговорно банкарство и одржлив развој, ПроКредит Банка нуди можност и за помала каматна стапка до 2%, доколку кредитот се искористи за реновирање кое има енергетски ефикасна заднина одноcно доколку кредитот се искористи за инвестирање во прoект кој има за цел заштеда на енергија” истакна Јованка Јолеска Поповска, генерален директор на ПроКредит Банка.
 |