мк en sq
Faqja e parë | Rreth Nesh | Kushtet e përdorimit | Mapa e faqes | Kontaktet
Persona fizik Biznese Punesim Klientet Rrjeti i degeve dhe bankomate Tender

Правила за успешно аплицирање

правила за успешно аплицирање

Доколку сте заинтерсирани за вработување во нашата Банка, најпрво би сакале да Ве запознаеме со принципите кои ја стандардизираат и унифицираат нашата политика на вработување и да Ви дадеме совет за успешно и коректно аплицирање за отворената работна позиција и доколку сакате Вашата апликација да биде земена во предвид.

Би сакале да ги знаме и од голема важност ни се Вашите мотиви за аплицирање во ПроКредит Банка. Поради тоа, ние очекуваме од Вас да се информирате за нашата Банка и да ни ги објасните мотивите зошто аплицирате кај нас. Тоа треба да биде направено со стандардизирана Кратка биографија и Мотивациско писмо. Сите релевантни информации за нашата групација и ПроКредит Банка – Македонија може да ги најдете на следниве веб страници: www.procredit-holding.com и http://www.procreditbank.com.mk/ .

Исто така, задолжително ќе Ве замолиме да пратите Кратка биографија во стандардизирана форма која можете да ја најдете на нашата веб страница www.procreditbank.com.mk .

Ние со најсериозни намери ја земаме во предвид Вашата апликација за вработување, а воедно очекуваме од Вас со најсериозни намери да го сфатите аплицирањето за работно место во ПроКредит Банка. Погоре наведените препораки се јасни упатства за тоа. Апликацијата за вработување која може да биде испратена во 20 други компании и која не говори за Вашите индивидуални квалификации и мотиви за позицијата за која аплицирате кај нас, неможе да има успех во процесот на вработување во нашата банка.

Пред да имате лично интервју со Секторот за човечки ресурси, од кандидатите имаме барање да го полагаат писмениот математички и логички тест во времетраење од еден час. Овој тест треба задолжително  да го положите, за да продолжите на следниот чекор во процесот на регрутирање и селекција.  

Пример од овој тест може да најдете тука.

Тенденција ни е и процесот на регрутирање и Вашата потенцијална кариера во ПроКредит Банка да ги претставиме на најтранспарентен и најобјективен начин. Како потенцијален вработен во ПроКредит Банка, Вие треба да ја земете в предвид и предноста на нашата тренинг програма.

Како што можете да забележите од ова кратко писмо, ние бараме високо мотивирани вработени со долгорочна посветеност кон целите на нашата Банка.

Вашите пријави можете да ги испратите во моментот кога имаме активен оглас на еден од следниве два начини:

·         по електронски пат со пополнување на електронската пријава за работно место селектирајќи го работното место за кое се пријавувате и приложувајќи стандардизирана кратка биографија и мотивациско писмо.

·         по пошта со испраќање на стандардизирана кратка биографија и мотивациско писмо на нашата адреса бул.Јане Сандански 109а - Скопје  со назнака до Сектор за човечки ресурси и огласот за кој аплицирате.

Сите останати начини на аплицирање и неправилно изготвени кратка биографија и мотивациско писмо ќе се сметаат за невалидни и нема да се земаат во предвид при процесот на регрутирање и селекција.  

Би сакале уште еднаш да Ви заблагодариме за Вашиот интерес и Ви посакуваме успех во Вашата кариера.

ProCredit Bank, Jane Sandanski 109а, 1000 Skopje, Makedonija, tel 321 99 00, fax 321 99 01, info@procreditbank.com.mk